Шведскиот тим на Малме сеуште чека одговор од Вардар дали ќе има организирано патување на гостински навивачи. Според информациите, повеќе од 200 фанови од Шведска и околината ќе бидат на „Сведбанк” арената.
Покрај нив, се чека одговор дали „Комитите” ќе патуваат за Малме. На „Сведбанк” арената досега се продадени близу 12 илјади билети, капацитетот на целиот стадион е 21 илјади места.
На реваншот пак во Струмица, од Малме ќе допатуваат гостински навивачи.