После двонеделни подготовки во Австрија, вчера црвено-црниот тим го напушти Бад Татцмансдорф и се врати во Скопје. Екипата пристигна во Македонија вчера во вечерните часови. Следи краток одмор и потоа ќе се одработува “последната етапа“ за натпреварите од Лигата на шампионите.
Вардар во Австрија мина 14 дена каде имаше серија тренинзи и вардарци одиграа четири контролни дуели. На првиот го победија Адмира со 2:0, потоа доживеаја идентични и минимални порази од Марибор, Матерсбург и Тосно со резултати 1:0. Погодоците за црвено-црните на подготовките ги постигнаа Бесир Исени и Тигран Барсегјан. Следи краток одмор во нашиот главен град, и последната фаза пред заминувањето во Шведска која ќе се реализира во Скопје. Очекуваме дека годинава ќе направиме исчекор во фудбалска Европа и ќе го изненадиме Малме.