Драган Веселиноски – Пикси дојде како дефанзивен играч за врска, а најдобрите партии ги пружи како последен човек во одбраната. Пикси кратко беше член на Вардар во сезоната 1990/91 кога клубот успеа да се врати во Првата југословенска лига и настапи на 15 натпревари во истата, но секако многу повеќе во сеќавање ќе остане неговиот втор престој во Вардар од 2000 до 2004 година кога за клубот забележа 105 настапи и 1 постигнат гол.
Имаше удел како капитен во две последователни шампионски титули на Вардар од 2002 и 2003, а како круна на неговата кариера се европските настапи против Бери Таун, ЦСКА и Спарта кога Веселиноски беше прав командант на одбранбената линија пред голманот Зекир.
Пикси го носеше и репрезентативниот дрес на Македонија во 20 натпревари.