Wednesday ,27 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Десет ракометарки на Вардар, повикани на подготовките за претстојното ЕП на младинската и кадетската ракометна репрезентација
Десет ракометарки на Вардар, повикани на подготовките за претстојното ЕП на младинската и кадетската ракометна репрезентација

Десет ракометарки на Вардар, повикани на подготовките за претстојното ЕП на младинската и кадетската ракометна репрезентација

Во претстојниов период две младински женски ракометни репрезентации ќе бидат дел од европско првенство. Младинките предводени од селекторот Борче Маркоски во периодот од 27-ми јули до 6-ти август ќе учествуваат на ЕП во Словенија, каде во група се наоѓаат со селекциите на Норвешка, Хрватска и Русија. На подготовките, селекторот Маркоски повика дури осум ракометарки на Вардар. Се работи за голманот Слободанка Кицеска, потоа бековите Леонида Гичевска, Ива Божиноска, Ана Иванова и Сашка Филипоска, крилата Анастасија Николовска, Ана Станиќеска и  пикерот Ања Велкова. Младинките обезбедија пласман на ЕП, откако претходно во месец март го освоија второто место на квалификацискиот турнир, кој се играше токму на Кале. Во решавачкиот натпревар, Македонија беше подобра од Фарски Острови, а токму Вардарката Гичевска беше најефикасна на тој дуел.

Кадетската репрезентација ќе биде домаќин на Европското првенство од Б-дивизијата, каде во периодот од 31-ви јули до 6-ти август ќе се спротивстави на селекциите на Полска, Швајцарија, Грција и Фарски Острови. Турнирот ќе се одигра во Скопје, а нашите млади надежи се предводени од Јулија Дамческа, која повика две ракометарки на Вардар. Голманката Јована Мицевска и крилото Ивона Трпевска ќе бидат дел од подготовките на Македонската репрезентација, на споменатото ЕП од Б-дивизијата до 17 години.