Ракометниот клуб „Вардар” преку соопштение на официјалната страница ги повикува сите правни субјекти во Република Македонија да бидат дел од шампионското семејство. Тие во истото велат:
Демонстрирајте ги вредностите на Вашата компанија, не само на пазарот во Македонија, туку и во Европа – БЕСПЛАТНО! Рекламирајте се во „Вардар”, изградете имиџ на победнички бренд и разликувајте се од конкуренцијата. Промовирајќи ја Вашата компанија бесплатно во „Вардар”, го поттикнувате развојот на темелните вредности во нашето општество, идентификувајќи се со Европскиот клубски шампион.
Целта на оваа кампања е меѓусебна соработка и поддршка помеѓу компаниите и клубот.
Аплицирајте на 078 316 284 и на jelena@balkangroup.mk