Sunday ,24 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Марија Галевска:-Успехот немаше да го постигнеме без тренерскиот тандем Ристова и Пецевска, кои придонесоа за нашата добра игра, но и тренерот Раул Гонзалес кој многу ни помогна со неговите совети
Марија Галевска:-Успехот немаше да го постигнеме без тренерскиот тандем Ристова и Пецевска, кои придонесоа за нашата добра игра, но и тренерот Раул Гонзалес кој многу ни помогна со неговите совети

Марија Галевска:-Успехот немаше да го постигнеме без тренерскиот тандем Ристова и Пецевска, кои придонесоа за нашата добра игра, но и тренерот Раул Гонзалес кој многу ни помогна со неговите совети

На завршниот турнир во женската пионерска лига, првото место им припадна на Вардарки, кои во големото финале ја совладаа екипата на Металург. Ова е заслужен трофеј за пионерките кои сезоната ја завршија без ниту еден пораз. Избраничките на Ристовска и Пецевска одиграа дванаесет натпревари и забележаа исто толку победи. Во полуфиналето на Ф4 кој се се играше во спортската сала во населбата Автокоманда беа подобри од екипата на Куманово. Исто така освоивме силен меѓународен турнир во Зрењанин, каде нашите надежи се закитија со златниот медал, а малку недостасуваше да се пласираме на Ф4 и во кадетската лига, каде се натпреварувавме со повозрасни екипи. Се на се одлична сезона за оваа генерација која дава надеж за сезоните кои следат.Дел од шампионската генерација на Вардар, беше ракометарката Марија Галевска, која за нашиот сајт ги сподели впечатоците за сезоната која помина и од освојување на првото место.

-Сезоната за нас не беше лесна, бидејќи игравме во катедската и пионерската лига. После одиграната кадетска лига имавме големо искуство, иако за пласман на Ф4 не делеше гол разликата. Ние покажавме одлична игра во пионерската лига, каде од 12 натпревари имавме толку и победи. Очекувањата за измината сезоната беа секој следен натпревар да биде победа. Полуфиналниот меч не беше лесен бидејќи сите имавме позитивна трема, но дадовме се од себе за да играме во финалето. Во финалето се сретнавме со Металург, екипа која многу добро ја познаваме. Целиот натпревар игравме одлично, каде што секоја од девојките даде се од себе да го освоиме златото.

Пионерките беа предводени од тренерскиот тандем, Ристова и Пецевска, кои беа потпомогнати од искусниот стратег, Раул Гонзалес.

-Успехот немаше да го постигнеме без тренерскиот тандем Ристова и Пецевска, кои многу придонесоа за нашата добра игра, но исто така и тренерот Раул Гонзалес кој многу ни помогна со неговите совети. За следната сезона се надевам дека ќе бидеме катедски шампиони на Македонија.

Зв онко Ивановски