Тимур Дибиров е одликуван од Претседателот на владата на руската република Дагестан, Абдусамад Гамидов, кој во името на целиот народ во Дагестан му се заблагодари за неговиот придонес во развој на спортот.
На Дибиров му беше доделен гравиран часовник и плакета од министерството за спорт за високи заслуги. Во Дагестан биле отворени голем број на ракометни школи и овој спорт зазема поголем замав во оваа област.