По примерот на многу ракометни ѕвезди кои водат свои ракометни кампови, така и десниот бек на Веспрем и Унгарската репрезентација Ласло Наѓ веќе деветта година по ред го организира својот интернационален ракометен камп. Гостин на истиот беше голманот на Вардар и Европскиот шампион, Арпад Штербик. Децата присутни на кампот имаа можност да учат од Штербик, како и да се фотографираат со него и да земат автограм.