Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Глигоров: Се надеваме дека оваа година ќе имаме повеќе среќа
Глигоров: Се надеваме дека оваа година ќе имаме повеќе среќа

Глигоров: Се надеваме дека оваа година ќе имаме повеќе среќа

Утре со почеток од 19 часот на “Сведбанк“ арената ќе се одигра првиот натпревар, во рамките на второто квалификациско коло од ЛШ, помеѓу екипите на Малме и Вардар. Екипата од Шведска е моментално лидер во своето првенство и голем тест за нашиот фудбалски шампион. Доколку сакаме да се пласираме во следната рунда, избраниците на Седлоски мора да извлечат поволен резултат, на овој прв меч на гостински терен. Во пресрет на утрешниот натпревар, за медиумите во Шведска говореше играчот од средниот ред на Вардарци, Никола Глигоров, кој се надева дека неговиот тим ќе има малку помалку среќа, за разлика од претходните две години.

-Во изминатите две години бевме блиску да го поминеме второто квалификациско коло од лигата на шампионите, но за малку не успеавме во дуелите против АПОЕЛ и Динамо Загреб. Затоа се надеваме дека оваа година ќе имаме повеќе среќа. Максимално го респектираме Малме, но решени сме да дадеме се од себе за пласман во следното коло. Тешко е да се каже кој резултат би бил добар за нас тука, мислам дека ќе решава реваншот во Македонија. Сепак нерешен резултат овде во Малме би бил поволен за нас.

Голем недостаток за Вардар ќе биде играњето реванш мечот во Струмица, поради подготовка на арената “Флип Втори“ за супер куп натпреварот, помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Ј.

-Тоа е чудна ситуација. Цела година напорно работиме за овој европски натпревар, за сега да не можеме да играме на нашиот стадион. Ќе играме речиси како на гостински терен, 200 километри подалеку од нашиот стадион. И место 30.000 навивачи, ќе имаме 5.000 во Струмица. Разочарани сме, но не можеме против одлуката на УЕФА.