Friday ,29 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Ангеловска Анастасија: “Јуниор лигата„ има голем придонес во развивањето на нас ракометарите
Ангеловска Анастасија: “Јуниор лигата„ има голем придонес во развивањето на нас ракометарите

Ангеловска Анастасија: “Јуниор лигата„ има голем придонес во развивањето на нас ракометарите

Зад нас е втората сезона на ракометната вардарова “Јуниор“ лига, која и оваа сезона беше успешно реализирана. Кај девојките во генерацијата родени 2002/2003 екипата на РК Делчево Вардар беше “двојно сребрен“ тим. Тие во лигата и зимскиот турнир во својата категорија дојдоа до сребрените медели. Разговараме со Ангеловска Анастасија, бекот на делчевки која е една од најдобрите поединци во оваа генерација во својот тим. Ве запознаваме со нејзините почетоци како ракометарка во продолжение.

Ракомет почнав да тренирам на мои 11 години. Тренирав и се уште тренирам во мојот матичен клуб екипата на  РК Делчево Вардар. Јас  и во иднина планирам да продолжам да настапувам за оваа екипа. Позицијата на која настапувам сама си ја одбрав, тоа   е лев бек.

Девојките од делчеевската вардарова регионална школа заедно со  Анастасија се дел од Јуниор лигата, голем проект што овозможува натпревар помеѓу регионалните школи на црвено-црните. Како таа го оценува овој мега проект на ракометниот клуб Вардар дознаваме во продолжение.

Големиот проект на РК Вардар, вардаровата ракометна Јуниор лига има голем придонес во развивањето кај сите нас учесници во истата. Со натпреварите кои ги игравме секој викенд ние се повеќе и повеќе зајакнувавме, стануваме повешти и подобри ракометарки. Тој проект ни овозможува напредок, дружење и забава.

ana2

 Анастасија со своите колешки одигра навистина добра сезона, тие имаа одлични натпревари постојано атакувајќи на самиот врв во двете натпреварувања. Сепак на крајот мораа да се задоволат со сребро, но и тоа е голем успех за оваа млада ракометна вардарова екипа.

Постигнавме големи успеси со мојата генерација оваа сезона во Јуниор лигата и зимскиот вардаров турнир.  На завршниот  турнир во лигата земавме 2ро место со кое сите се гордееме. Полуфиналето го изигравме супер, сите се боревме заедно и завршивме прекрасно. Финалето го игравме исто така добро, но не завршивме сјајно. Исто беше и на зимскиот турнир во кој се боревме заедно сите, но не доволно да го земеме 1то место.

ana3

 За крај таа ни дава оценка за својот придонес во изминатата сезона и очекувањета од идната, веќе третта по ред сезона во вардаровата ракометна Јуниор Лига.

Многу сум задоволна од мојот придонес да го постигнеме ова, а се надевам дека и тренерот и соиграчите се задоволни од мојот настап на сите мечеви. Се надевам дека јас и моите колешки од сезона во сезона преку настапот во Вардар Јуниор лигата ќе напредуваме постојано.

Михајло Тушевски