Спортскиот директор на ракометниот клуб Вардар, Едуард Кокшаров ќе биде нов селектор на машката руска репрезентација. После неуспехот во квалификациите и необезбедениот пласман на ЕП во Хрватска, федерацијата на Русија реши да ја прекине соработката со Торгованов и довербата да му ја даде токму на Кокшаров.
Инаку Кокшаров има долга играчка кариера, настапувајќи за екипите на Краснодар, Целје со која стана Европски шампион и Чеховски Медведи. На репрезентативен план најголемите успеси со репрезентацијата на Русија му се златниот медал на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година, и бронзата во Атина 2004 година. Како дел од СП 1997 година го освојува златнот медал со Русија, а беше светски вице првак 1999 година европски во 2000. Од минатата сезона ја обавува функцијата спортски директор во РК Вардар, а беше и помошник тренер на Дибирова, на завршниот турнир во Будимпешта, каде девојките го освоија сребрениот медал.