Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Николов: Среќен сум што го постигнав мојот прв гол во лигата на шампионите
Николов: Среќен сум што го постигнав мојот прв гол во  лигата на шампионите

Николов: Среќен сум што го постигнав мојот прв гол во лигата на шампионите

Вардар успеа да остане непоразен на првиот натпревар во Шведска, против екипата на Малме и да одигра со нерешен резултат 1:1. Црвено-црните први дојдоа до водство, со погодокот на Бобан Николов во 63 минута, а 12 минути подоцна, Малме го израмни резултатот на 1:1, што на крај се покажа и како конечен на овој прв меч. Резултатот е поволен за Вардарц, кој им дава надеж дека може да се елиминира Малме и да се пласираме во третата елиминациска рунда од најголемото натпреварување. Стрелецот на погодокот за Вардар, Николов е среќен за својот деби гол во ЛШ, со надеж дека неговиот тим може да оди понатаму.

-Среќен сум што го постигнав мојот прв гол во  лигата на шампионите. Дојдовме до добар резултат, кој широко ни ги отвора вратите за пласман во следното коло, но факт е дека ништо не е завршено. Мора да останеме со ладни глави и во Струмица да одиграме уште еден квалитетен натпревар. Ќе влеземе мотивирани и со максимален ангажман за позитивен резултат, кој ќе не однесе во третото квалификациско коло.