Friday ,26 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Спортскиот директор на РК Вардар, Едуард Кокшаров ќе биде нов селектор на машката Руска репрезентација
Спортскиот директор на РК Вардар, Едуард Кокшаров ќе биде нов селектор на машката Руска репрезентација

Спортскиот директор на РК Вардар, Едуард Кокшаров ќе биде нов селектор на машката Руска репрезентација

Спортскиот директор на ракометниот клуб Вардар, Едуард Кокшаров ќе биде нов селектор на машката руска репрезентација. После неуспехот во квалификациите и необезбедениот пласман на ЕП во Хрватска, федерацијата на Русија реши да ја прекине соработката со Торгованов и довербата да му ја даде токму на Кокшаров.

Инаку Кокшаров има долга играчка кариера, настапувајќи за екипите на Краснодар, Целје со која стана Европски шампион и Чеховски Медведи. На репрезентативен план најголемите успеси со репрезентацијата на Русија му се златниот медал на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година, и бронзата во Атина 2004 година. Како дел од СП 1997 година го освојува златнот медал со Русија, а беше светски вице првак 1999 година европски во 2000. Од минатата сезона ја обавува функцијата спортски директор во РК Вардар, а беше и помошник тренер на Дибирова, на завршниот турнир во Будимпешта, каде девојките го освоија сребрениот медал.