Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Грнчаров: Ќе се обидеме да постигнеме гол и да поминеме понатаму
Грнчаров: Ќе се обидеме да постигнеме гол и да поминеме понатаму

Грнчаров: Ќе се обидеме да постигнеме гол и да поминеме понатаму

Вардар има добар резултат од првиот натпревар одигран во Малме, кој заврши со нерешен резултат од 1:1. Црвено-црните во поголем дел од натреварот беа рамноправен противник на Малме. Покрај погодокот на Николов, имавме уште две убави можности да го загрозиме домашниот гол, но Балотели не успеа да ја затресе мрежата. Не чека реванш во Струмица, кој е закажан за 18-ти август со почеток од 18 часот. На прашањето од медиумите во Шведска, за пеколното време кој го очекува Малме, капитенот на Вардар Грначров напомена дека двете екипи ќе играат под исти услови.

-Ние живееме и работиме под истите услови постојано, што значи дека до некаде сме навикнати. Не знам како ќе му биде на Малме. Да бидам искрен, воопшто и не ме интересира дали ќе се прилагодат. Ние ќе се обидеме да постигнеме гол и да поминеме понатаму. Воопшто не сум загрижен за Малме.