Противникот на Вардар во третото квалификациско коло, тимот на Копенхаген в понеделник ќе пристигне во Македонија. Данскиот шампион во раните утрински часови ќе пристигне во Скопје, каде се очекува да има само еден тренинг пред дуелот со Вардар.
Тимот на Копенхаген во нашиот главен град ќе пристигне со чартер – авион со цел да донесе и навивачи сосебе. Копенхаген денеска од 16 часот ќе одигра натпревар во данскиот шампионат против тимот на Рандерс на гостински терен.