Овој викенд е како порачан за нашиот Вардар, односно утрешниот ден треба да биде денот Д за момците на ФК Вардар, РК Вардар, односно девојките на ЖРК Вардар.
Утре со почеток во 16 часот и 30 минути нашиот ФК ВАРДАР го игра предпоследниот натпревар оваа сезона против екипата на Ренова. Овој натпревар ќе се одигра на нашата Арена, но пред празни трибини. Доколку нашиот тим победи, ова ќе значи ПОБЕДА, И ТИТУЛА, 9-ТА ЗА ФК ВАРДАР!
Момците на Раул Гозналес утре од 18 часот и 30 минути во СЦ. Јане Сандански го играат финалниот натпревар во купот на Македонија, против екипата на Металург.
ДОЈДЕТЕ ДА ЈА ПРОСЛАВИМЕ ЉУБИЛЕЈНАТА 10-ТА ТИТУЛА!
Додека пак девојките на Вардар би требало да имаат најлесна задача, тие денеска го играат 1/2 финалниот натпревар со нашиот ЖРК ВАРДАР 2, а утрешното финале е од 15 часот исто така во СЦ. Јане Сандански.
ДОЈДЕТЕ ДА ЈА ПРОСЛАВИМЕ И ОВАА КУП ПОБЕДА, И ТРОФЕЈ СО ДЕВОЈКИТЕ !
Влез за Ракометните натпревари е 50 денари.