Денес избраниците на Сергеј Андреев ќе ја имаат и 3-та меч топка. По неискористените шанси против Работнички и Шкендија, денеска момците ќе имаат нова шанса со победа да стигнат и математички до нова, 9-та титула во историјата на клубот.
Време е нашите момци, да ја обезбедат титулата по две недели чекање на најверните навивачи. Инаку денеска гостин ни е Ренова, која ќе игра без некое значење, тие одамна ја заверија 4-та позиција на табелата во шампионатот.
Натпреварот ќе се одигра пред празни трибини од 16-30
Фото: fkvardar.mk