Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Во “сестринското“ полуфинале, подобри беа поискусните

Во “сестринското“ полуфинале, подобри беа поискусните

Во сестринското полуфинале помеѓу двете женски екипи на Вардар, вечерва во С.Р.Ц. Кале подобри беа поискусните ракометарки на Индира и Питлик. Избраничките на Симовски одлично го започнаа мечот, и на изнадување на присутните во салата поведоа со два гола разлика. Сепак во продолжение на натпреварот квалитетот и искуството дојде до израз. Жрк Вардар успеаа да направи неколку серии на постигнати голови, за целосно да ја превземе играта и да ја зголемува предноста. На полувреме се замина со резултат 20:13.

Во вториот дел набрзина се дојде и до двоцифрена предност. Кон крајот на натпреварот, тренерскиот тандем на првиот тим им даде шанса за настап и на помладите ракометарки, како Митова и Стојановска кои солидно ја оправдааа минутажата на теренот. Конечниот резултат гласеше 39:26.

Керамитчиева беше најефикасна ракометарка со 8 голови, Черноиваненко во победничкиот табор постигна 6 погодоци. На тој начин првата екипа на Вардар се пласираше во големото финале на купот на Македонија, каде за противник ќе го има тимот на Металург. Финалето е закажано за сабота, со почеток од 15:00 часот, во С.Ц. Јане Сандански.