Thursday ,28 March 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Младинките на Жрк Вардар поразени од Ѓорче
Младинките на Жрк Вардар поразени од Ѓорче

Младинките на Жрк Вардар поразени од Ѓорче

Во рамките на предпоследноито коло од младинската ракометна лига, малдинките на Жрк Вардар забележаа пораз на гостувањето кај екипата на Ѓорче. Конечниот резултат изнесуваше 31:26 за домашната екипа. Заслужена победа за тимот на Ѓорче, кој имаше постојано водство во текот на целиот натпревар. На моменти нашите ракометарки се доближуваа до предноста на противникот, но недоволно да се направи пресврт и да се стигне до позитивен резултат. На полувреме беше 19:13 за Ѓорче. На овој натпревар шанса за настап добија најголем дел од ракометарките кои се дел од помладата генерација на црвено-црните, кадетките кои преку вакви мечеви се калемат за понатамошната  играчка кариера. Најефикасен играч во нашите редови беше Ана Станикевска.

Шампион во младинска конкуренција ќе биде втората екипа на Жрк Вардар. Во последното коло, младинките на Вардар ќе се сретнат со екипата на Металург. Со овој меч ќе се затвори сезоната во оваа конкуренција