Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > У-16 > Помладите пионери и пионерите ги играат заостанатите мечеви со Ренова, колото за кадетите и младинците е одложено

Помладите пионери и пионерите ги играат заостанатите мечеви со Ренова, колото за кадетите и младинците е одложено

Своите натпревари со екипата на Ренова, помладите пионери и пионерите ќе ги одиграат утре во Тетово. Овие мечеви требаше да бидат одиграни минатиот викенд, но истите беа одложени поради случувањата што се случија во Куманово. Помладите пионери на Вардар ќе гостуваат во Тетово, на екипата на Ренова. Мечот е закажан за утре со почеток од 10:00 часот. Два часа подоцна силите ќе ги одмерат и нашите пионери со своите врсници од Ренова. И овој натпревар ќе се игра во Тетово.

Натпреварот е посебно важен за помладите пионери, кои се во борба за Шампионската титула, па победа од овој дуел само ќе им ги зголеми шансите за освојување на истата. Пионерите пак се без амбиции позначајни до крајот на сезоната. После овој дуел оваа генерација ќе отпатува на турнир во БиХ.

Овој викенд требаше да се играат и мечевите од 18 коло, со екипата на Милано од Куманово. Истите се одложени, поради добро познатите причини и несигурната безбедносна ситуација во овој град. Дополнително понатаму ќе биде одредено каде ќе се одиграат овие натпревари со овој противник.

Фото:ТК Медиа