Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Девојките денес пристигаат во Скопје, утре прва прозивка

Девојките денес пристигаат во Скопје, утре прва прозивка

Летниот одмор заврши  за женскиот европски вице првак Вардар, па ракометарките денес, понеделник полека пристигнуваат во главниот град, Скопје, а дел се и претходно тука. Утре, вторник на “мени“ е  првиот тренинг на екипата, истиот би требало да се одржи попладне.

Оваа сезона целта на ЖРК  Вардар  е да се оди уште едно скалило погоре т.е вицешампионската титула да се замени со европско злато за девојките. Во ростерот за сезоната 2017/2018 има дури  пет нови имиња во составот, Теа Керамичиева, Мирјета Бајрамовска, Јована Саздовска ( репрезентативки на Македонија) и  Русинката Полена Кузнецова и Србинката Драгана Цвијиќ. Според планот за подготовки, првите четири денови ќе се работи во Скопје, а потоа се заминува на Златибор каде се останува десет денови. Експедицијата се враќа потоа дома, и ги завршува последните  подготовки за настап на турнирот чии домаќини сме ние во периодот од 23 до 26 август во Скопје.