Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Андрес Хоршолт: Сигурно нема да биде многу добар меч за гледање, но ќе биде возбудлив
Андрес Хоршолт: Сигурно нема да биде многу добар меч за гледање, но ќе биде возбудлив

Андрес Хоршолт: Сигурно нема да биде многу добар меч за гледање, но ќе биде возбудлив

Пред Вардар стои еден историски натпревар, доколку вардарци останат непоразени во среда, тогаш со сигурност во најмала рака нашиот тим би играл во групите во Лигата на Европа. Директорот на Копенхаген пак, Андрес Хоршолт напоменува дека очекува еден нетака квалитетен дуел за гледање, но потенцира дека својот тим има шанси иако ќе биде тешко.

“Натпреварот во среда може да биде еден голем чекор во вистинска насока за нас. Сигурно нема да биде многу добар меч за гледање, но ќе биде возбудлив. Верувам дека можеме да победиме со резултат кој ќе ни обезбеди место во следната фаза. Ќе биде тешко но верувам во нашите можности” – вели извршниот директор на Копенхаген.