Во наредните десет дена екипата на ЖРК Вардар ќе биде лоцирана на Златибор, каде ќе го одработи главниот дел од подготовките. Претходниве денови се тренираше во спортскиот центар Јане Сандански, а во наредниов период ќе се работи на физичка подготовка на екипата. Екипата замина комплетна на Златибор, на која треба да и се приклучи уште и младата голманка Јована Мицевска, која моментално е дел од кадетската репрезентација, на европското првенство кое се игра во Скопје.
Првите подготовителни натпревари за црвено-црните ќе бидат натпреварите од “Трофеј Вардар“. Противници во групата ќе ни бидат екипите на Будуќност и Краснодар. На почетокот на септември не очекуваат и мечеви од регионалната лига, додека од октомври започнуваат и возбудувањата во лигата на шампионите. Знаеме дека составот во новата сезона го засилија пет ракометарки. Се работи за левите крила, Полина Кузнецова, Јована Саздовска, пикерот Драгана Цвијиќ и левите бекови, Мирјета Бајрамовска и Теодора Керамитчиева.