ЧЕДОМИР ЈАНЕВСКИ – Еден од најзаслужните фудбалери, благодарение на кои Вардар во сезоната 1986/1987 за прв и единствен пат во својата историја ја освои шампионската титула во првата лига на поранешна Југославија несомнено е и прославениот фудбалски ас Чедомир Јаневски.
Популарниот Чеде е роден на 3 јули 1961 година во Скопје. Во споменатата „златна“ вардарова сезона Јаневски настапи на 31 првенствена средба и четири пати ги тресеше противничките мрежи.
Севкупно поранешниот македонски селектор, боите на клубот ги бранеше во периодот од 1982 до 1989 година. За Вардар има одиграно повеќе од 200 натпрвеари во „црвено-црниот“ дрес. – Информации извадени од книгите посветени на ФК Вардар.