Поранешниот напаѓач на фудбалскиот клуб Вардар, бразилскиот интернационалец Џонатан Балотели е претставен официјално како нов фудбалер на Ал Гарифа, тим кој настапува во шампионатот на Катар. Тој веќе пристигна во својот нов клуб, ги мина лекарските прегледи и официјално беше претставен во својот нов клуб.
Бразилецот во квалификациите за лигата на шампионите беше стрелец на единствениот гол во против Копенхаген на “Филип Втори“. Откако лани го одработи едногодишниот прв договор потоа потпиша нов, двегодишен договор и неофицијално претставува еден од најголемите трансфери на фудбалери кои заминале од македонскиот шампионат. Вардар има три недели до крaјот на преодниот рок да обезбеди замена на напаѓачката позиција.