Wednesday ,23 April 2025
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > Гезтепе го запре Фенербахче
Гезтепе го запре Фенербахче

Гезтепе го запре Фенербахче

Новиот турски прволигаш, тимот на Гезтепе на домашен терен го запре фаворизираниот тим на Фенербахче. Јаховиќ и друштвото покажаа дека Фенербахче има и свои слаби страни.

Гостинот поведе уште во 5. минута со голот на Потук, три минути подоцна Јаховиќ му асистираше на Андре Кастро за израмнување на 1:1. Целосниот пресврт тимот на Гезтепе го направи преку Езекиел Скарионе во 57. минута од натпреварот. Фенербахче од пораз го спаси Мартин Шкртел во 64. минута. Со резултат 2:2 заврши овој дуел.