Tuesday ,22 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Првиот натпревар пред својата публика, РК Вардар го игра на 5-ти септември против екипата на Горење Велење
Првиот натпревар пред својата публика, РК Вардар го игра на 5-ти септември против екипата на Горење Велење

Првиот натпревар пред својата публика, РК Вардар го игра на 5-ти септември против екипата на Горење Велење

Првиот натпревар пред домашната публика, Европскиот шампион ќе го игра на 5-септември и тоа во рамките на второто коло од СЕХА-лигата. Горење Велење ќе биде првиот тим кој ќе го гостува во спортскиот центар Јане Сандански и кого публиката ќе може да го види на дело со нашиот шампион, кој е актуелен освојувач на ова натпреварување. Овој меч е закажан да се одигра со почеток од 17:45 часот.  Минатата сезона, Горење дебитираше во СЕХА-лигата, кога црвено-црните успеаа во два наврати да го совладат овој противник, во чии редови играат поранешните Вардарци, Матјеж Брумен и Алем Тоскиќ.

Три дена порани, односно на 2-ри септември, Вардар ја отвара сезоната во СЕХа-лигата, на гостински терен против екипата на Металург.