Како и што очекувавме, нашите млади надежи, генерацијата на Вардар У-17 го отвори турнирот во Босна со пораз. На овој натпревар подобри беа врсниците од Фудбалскиот клуб Партизан, со резултат 2:0
Младите надежи на Вардар започнаа многу лошо, по само три минути игра, српскиот тим дојде до водство од 1:0 по една грешка на нашиот голман, противничкиот играч тоа го искористи, и со глава го матираше нашиот голман за 1:0
Потоа нашиот тим се консолидираше, играше подобар фудбал, во поголем дел од натпреварот од првиот дел се бранеше, и чекаше шанса од контра. Најубавата шанса ја имаше нашиот капитен, кој од 15-тина метри убапи еден добар шут, но за малку отиде крај голот на Партизан.
Во вториот дел нашиот тим започна во ист состав, замените почнаа некаде околку 7-8 минута од вториот дел, нашиот тим играше за нијанса поотворено од првото полувреме, но не успеа да создаде некоја посериозна шанса за гол, се закануваше но млако по средина на гол, или над голот. По еден убав напад на белграѓани дојде и вториот гол за нив денеска, за 2:0 овој беше и конечен резултат на овој дуел.
Сите кои сакаа да го видат овој Вардар, имаа можност преку тв Спорт Клуб, и ќе имаат на следните два натпревари од нашата група.