Wednesday ,08 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > РК Вардар – РК Зомимак во петок 14-00, влез бесплатен

РК Вардар – РК Зомимак во петок 14-00, влез бесплатен

Во рамки на седмото коло РК Вардар ќе биде домаќин на Струмичкиот супер лигаш РК Заомимак. Мечот е закажан за 22 Мај петок со почеток во 14-00 часот .Влезот на овој дуел ќе биде бесплатен за сите вљубеници во ракометната игра. Нашиот  Вардар ќе  ги нагости Струмичани во малата сала на Спортскиот Центар Јане Сандански.

За мечот РФМ ги делегираше  Исмаил Металари и Ненад Николовски како делители на правдата.  Вардарци ќе имаат само ден одмор пред овој меч бидејќи вечер гостуваат кај РК Прилеп во рамките на шестото коло од Плеј-оф фазата во македонската ракометна елита. Ова е трета средба помеѓу црвено-црните и ракометарите од југот на земјава за само еден месец во првата на гостувањето во Струмица во рамките на Плеј-офот избраниците на Раул Конзалес остварија победа во гости 27: 38. И во полуфиналето на купот кој се играше во С.Ц Јане Сандански црвено-црните победија убедливо со 21 гола предност односно 46:25 .