Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Втор тим > Денес на мечот Жрк Вардар-Жрк Вардар-2 РФМ ќе го додели шампионскиот пехар, 16ч. влез слободен

Денес на мечот Жрк Вардар-Жрк Вардар-2 РФМ ќе го додели шампионскиот пехар, 16ч. влез слободен

Девојките викендов беа “крунисани “ во купот на Македонија исто така веќе од поодамна неколку кола порано ја обезбедија и титулата во женската Супер Лига. Трофејот и медалите по одлука на Ракометната федерација на земјава ќе им бидат доделени денес во 16 – 00 часот !

Во малата сала при С.Ц Јане Сандански пред своја публика на мечот со сестринскиот тим односно ЖРК Вардар-2 ќе се случи крунисувањето на црвено-црните девојки . Вардарки годинава ги понесоа двата трофеии и си го обезбедија насловот “Двојна круна“ со што ги одбраниа титулите кој ги поседуваа од иминатата сезона во земјава  . Убава можност да проследиме еден од последните дуели за оваа сезона и да уживаме во ракометните потези на девојките. Влезот на овој меч управата на Македонскиот женски суверен “владетел“ на ракометната игра реши да биде СЛОБОДЕН за сите љубители на црвено-црните бои.