Фенербахче утрово тргна накај Скопје, тие од Истанбул ќе слетаат на аеродромот “Александар велики“ потоа ќе се сместат во нашата метропола. Гостинот денеска на „Телеком Арената“ ќе го одработи и официјалниот тренинг од 19-00 часот.
Како што е најавено претходно од 18:30 часот тренерот Ајкут Кочаман ќе одржи и прес-конференција. Прес-конференцијата на ФК Вардар е од 20-00 часот по што ќе следи и последниот тренинг на црвено-црните пред утрешниот дуел. Дуелот утре се игра од 20-00 часот, билетите се продаваат одлично околу 8.000 карти има уште во слободна продажба за тие кои неуспеаа да набават билет за овој натпревар од плеј-офот во Лига Европа.