Шпанскиот фудбалер кој играше за Реал Мадрид, Валенсија, Виљареал и Тотенхем во својата кариера, Роберто Солдадо е доведен во Фенербахче како големо засилување. Се очекува неговиот дебитантски натпревар да го има токму утре на првиот дуел против Вардар од плеј-офот за Лигата на Европа. Тој вели дека одлично се адаптирал и дека сака да настапи утре против црвено-црните на “Телеком арената“ во Скопје.
-Се адаптирав многу брзо во редовите на Фенербахче. Се наоѓам во добра форма и очекувам да бидам стартер. Сакам да му помогнам на мојот нов тим да избори пласман во групната фаза од Лигата на Европа, изјави Солдадо.