Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Прв тим > ЦЕЛО Е КОГА ИМА СЕ ! ЛЕГЕНДИ КАКО ЈАНЕВСКИ, ПАНЧЕВ, ДОНЧЕВСКИ И НАЈДОСКИ НА ЕДНО МЕСТО
ЦЕЛО Е КОГА ИМА СЕ ! ЛЕГЕНДИ КАКО ЈАНЕВСКИ, ПАНЧЕВ, ДОНЧЕВСКИ И НАЈДОСКИ НА ЕДНО МЕСТО

ЦЕЛО Е КОГА ИМА СЕ ! ЛЕГЕНДИ КАКО ЈАНЕВСКИ, ПАНЧЕВ, ДОНЧЕВСКИ И НАЈДОСКИ НА ЕДНО МЕСТО

Како се вели „цело е кога се има се“, а таков е во моментов најголемиот спортски бренд во Македонија, екпата на ФК Вардар. Дарко Панчев прв повлече нога со неговото назначување за спортски директор на клубот, а уште пред неговата промоција се ширеа гласини дека нов шеф на стручниот штаб на Вардар би бил Чеде Јаневски. Ете тоа денес се оствари и популарниот “Четка„ стави потпис на двегодишен договор со нашиот фудбалски шампион. Јаневски беше дел од Вардар од 1982 до 1989 година, а за црвено-црните одигра 160 натпревари и постигна девет гола. На вечерашниот тренинг покрај Дарко Панчев беше присутен и Илија Најдоски, кој во периодот од 1984-1988 година со успех го носеше црвено-црниот дрес, во кој има одиграно вкупно 75 првенствени натпревари. Во сезоната 1986/87 настапувајќи за Вардар стана шампион на СФР Југославија. Тој вечерва му даде поддршка на неговиот пријател, Јаневски и му посака среќа и многу успеси со најтрофејниот клуб во Македонија.

Дали после Панчев и Јаневски, на ред е Илија Најдоски во Вардар ? оставаме на времето да покаже. Како и да е на Вардар му личи кога на едно место се собрани сите легенди, кои во минатото биле дел од историјата на клубот и кој имале значителен придонес во афирмација на името Вардар. Никако не смееме да го заборавиме и Чичко Дончо, кој вечерва исто така присуствуваше на претставувањето на новиот тренер, како и на тренингот на црвено-црните на арената “Филип Втори. Андон Дончевски за првиот тим на Вардар дебитираше во сезоната 1953/54 и неговиот дрес го носеше верно во наредните 12 години. На вкупно одиграните 335 натпревари, има постигнато 217 погодоци, со кои сеуште е најдобриот стрелец во историјата на најтрофејниот македонски клуб.

ЛЕГЕНДИТЕ ПРИПАЃААТ НА ВАРДАР !

Фото: CRVENO-CRNO SEMEJSTVO