Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > Историја > Драги Сетинов – Одбранбениот играч со потекло од егејскиот дел на Македонија ги брани боите на клубот се до 1986 година

Драги Сетинов – Одбранбениот играч со потекло од егејскиот дел на Македонија ги брани боите на клубот се до 1986 година

12651019_1056117221096268_8762361484511366976_nДРАГИ СЕТИНОВ – Еден од најдобрите вардарови дефанзивци, е роден на 13 февруари 1961 година во Скопје.

За првиот тим на Вардар дебитира во сезоната 1982/1983 со 31 настап на првенствените средби во шампионатот на Југославија. Две сезони подоцна Сетинов исто така е дел од составот на Вардар кој со освоеното петто место во првата сојузна лига успева да обезбеди учество во Купот на УЕФА.

Одбранбениот играч со потекло од егејскиот дел на Македонија ги брани боите на клубот се до 1986 година.
За скопските „црвено-црни“ има одиграно вкупно 198 натпревари од кои 114 се на лигашките средби и три на европската сцена. Неговиот поединечен учинок е зачинет и со 17 погодоци во противничките мрежи.

По завршувањето на фудбалската кариера, Сетинов беше асистент во стручниот штаб во сезоната 1998/1999 кога Вардар триумфираше во македонскиот национален куп. Една деценија подоцна беше назначен за претседател на Ф.К Вардар, водејќи го клубот низ едни од најтешките мигови од неговото постоење.