Friday ,22 November 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > Вардарки со последни подготовки во пресрет на турнирот “Вардар 2017„ кој започнува во среда
Вардарки со последни подготовки во пресрет на турнирот “Вардар 2017„ кој започнува во среда

Вардарки со последни подготовки во пресрет на турнирот “Вардар 2017„ кој започнува во среда

Во периодот од 23-26-ти август спортскиот центар Јане Сандански ќе биде домаќин на второто издание на силниот меѓународен ракометен турнир “Вардар 2017„ кој е во организација на нашиот клуб. На истиот учество ќе земат шест екипи поделени во две групи, составени од по три екипи. Вардарки се во наоѓаат во група, со екипите на Краснодар и Будуќност, додека другата група ја сочинуваат тимовите на Одензе, ЦСМ Букурешт и Ростов Дон. Турнирот ќе започне во среда, со натпреварот помеѓу екипите на ЦСМ Букурешт и Ростов, додека од 17:15 часот првиот натпревар ќе го одигра и Вардар, кој за противник го има тимот на Краснодар.

Вардар, Будуќност, ЦСМ Букурешт и Ростов важат за најголеми фаворити и со најголеми шанси да играат во финалето на овој силен турнир. Сите кој ќе сакаат да ги следат натпреварите, ќе треба да издвојат само по 50 денари од еден натпревар, додека блок влезницата за еден ден е 100 денари. Црвено-црните напорно тренираат во својата сала и ги одработуваат последните тренинзи во пресрет на турнирот. Неколку фотографии од вечерашниот тренинг на нашиот шампион.

vardarfans-2 vardarfans-3 vardarfans-4 vardarfans-5