На новиот играч на Вардар, Итало му беа потребни само 22. минути да го постигне својот деби гол. Итало на вчерашниот натпревар против Победа во игра влезе во 46. минута, за едно полувреме успеа да даде еден гол, да ја погоди стативата, но и да утне една oгромна шанса. За клубскиот сајт Итало изјави:
„Од првите денови заклучив дека станува збор за одличен тим. Во Вардар има одлични момци, вистински професионалци. Се е во ред, освен што не разбирав ништо што зборуваат, но имам одличен преведувач во тимот кој што ми помогна многу да се адаптирам. Тоа е мојот сонародник Фелипе“, вели Итало.
„Тоа беше одличен натпревар за нашиот тим. Игравме одлично и што е најважно успевме да победиме. Секако дека сум среќен за моето деби во тимот на Вардар. Нема подобро нешто од тоа кога ќе се постигне гол на првиот натпревар, на деби. Но, за мене уште поважна е победата на тимот и освоените бодови на овој натпревар. Сега ни следува реваншот со Фенербахче на кој што нормално посакувам да се избориме за резултат кој што ќе не однесе во следната фаза во групите од Лигата на Европа. Сега сме максимално фокусирани кон тој натпревар“, рече новото засилување на Вардар.