Фудбалскиот клуб Вардар годинава по победата над Ренова се промовираше во шампион на земјава . Титулата фудбалската федерација на Македонија ќе ја додели на последниот меч во Кратово . Истата ќе биде врачена од претседателот на ФФМ Илчо Ѓоргевски на вардаровиот капитен пред почетокот на дуелот со ФК Силекс . Комити кои се верна сенка на црвено-црниот фудбалски колектив со соопштение за својте членови за ова гостување и прославување на титулата која по една година повторно е во црвено-црните витрини . Тие во краткото известување за овој свечен момент на “крунисување“ велат :
- Титулата е наша !!! Останува да ја прославиме во Кратово. Натпреварот се игра во недела. Собирот е во 13 : 00 часот на Железничка. Знаеме дека таму во Кратово секогаш било забавно , па така нека биде и овој пат.
СИТЕ ВО КРАТОВО!!!ИГРА ВАРДАР!!!