Friday ,19 April 2024
Последни:
Home > ЖРК Вардар > РК И ЖРК Вардар ќе вршат избор за пополнување на пионерските категории

РК И ЖРК Вардар ќе вршат избор за пополнување на пионерските категории

Нашиот најголем бренд Вардар секогаш бил и ќе биде расадник на млади таленти. Во младите категории се води сериозна политика за вистински тренажен процес и професионален пристап се со цел создавање на иди спортски ѕвезди. Ракометните секции ќе ги пополнуваат пионерските редови по тој повод имаа соопштение кое гласи :

Ракометната академија на Вардар во наредните неколку седмици ќе врши селекција и прием на нови членови во пионерските категории, во машка и женска конкуренција.

Од сите школи кои се дел на ракометната академија на Вардар на едно место ќе бидат собрани сите талентирани, од кои, комплетниот стручен штаб на РК Вардар ќе ги одбере најталентираните што ќе продолжат да бидат дел на пионерскиот тим на клубот.
Поради големиот број на селектирани играчи, сите ќе бидат поделени во две групи. Во четврток и петок навечер се предвидени тренинзи, а во сабота е закажан натпревар во СРЦ Кале од 10 часот.Селекцијата на играчи ќе биде извршена по направена анализа и дадено мислење на комплетниот стручен штаб на РК Вардар.
Тренинзите ќе ги водат тренерите Раул Гонзалез, Давид Камара, Горан Стојков, Зоран Петковски и Стојан Петрушевски. На натпреварите ќе бидат присутни и сите тренери и стручните штабови на машките екипи.
За генерацијата 2000/2001 во женска конкуренцја, како и генерациите 2002/2002 во машка и женска конкуренција, скаутинг програмата е предвидена з апериод од 1 до 6 јуни 2015.