Жрк Вардар по обезбедување на двете титули почна со засилувања и продолжување на договорите со девојките . Така претходно црвено-црните го промовираа ново име за својот нов пикер Човиќ која дојде од Подравка . Денес младата Црнагорска инернационалка Грбиќ доби нов договор.
Младата Итана Грубиќ која настапува на лево крило доби нов тригодишен договор со Вардар. И ако првично кога дојде настапуваше во вториот тим со својот квалитет се наметна и во најдобриот состав на Индира Кастратовиќ. Оваа млада и надежна ракометарка родена 1996година со поискусните од себе Сокач и Дембеле ќе бидат триото задолжено за погодоци од левата крилна позиција на црвено-црните .