На капитенот на ФК Вардар, Бобан Грнчаров му беше најтешко во Турција. Како што е познато, Грнчаров не можеше да настапи поради добиен црвен картон на првиот натпревар одигран во Скопје. Иако Вардар драстично беше ослабен, повторно го победи противникот. Вреди да се напомене дека замената на капитенот, Велковски одлично си ја заврши својата задача.
По триумфот, капитенот на својот Фејсбук профил напиша:
“Гази ги кога не знаат”.