Saturday ,19 April 2025
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Вардар го надигра Ал Сад и “лапна” 150.000 долари

Вардар го надигра Ал Сад и “лапна” 150.000 долари

РК Вардар ја освои бронзата на Супер Глоуб. Попладнево играчите на Вардар за третото место го надиграа и високо поразија тимот на Ал Сад со резултат 37:19 (14:10). Со оваа победа, Вардар ќе добие 150.000 долари како награда за освоеното трето место.

Натпреварот започна со гол на Вардар, во 5.минута веќе вардарци имаа предност од 3:0. Тимот на Ал Сад се консолидираше во продолжението од мечот, па така во 14. минута дури и дојде до водство од 6:5. Некаде по 15. минута Вардар почна да игра подобар ракомет, како одминуваше натпреварот така  и Вардар делуваше по сигурно како во одбраната, така и во нападот. На полувреме тимот на Вардар замина со комотна предност од четири голови. Второто полувреме започна фуриозно за нашиот тим, веќе во 38. минута преку Македа Вардар дојде до високи плус осум. Следуваше уште подобра игра на вардарци, некаде околу 47.минута имаа и предност од дури 13 голови разлика со голот на Шишкарев. До крајот на мечот разликата да биде уште поголема се погрижија Марсениќ, Македа и Кањелас. На крајот, Вардар го доби овој меч со високи 37:19 (14:10).

Од 18 часот во финалето се среќаваат тимовите на Барселона и Фуксе Берлин.