По ждребката за Лига Европа, букмејкерите веднаш излегоа со проценки околу тоа кој е најголемиот фаворит за пехарот оваа сезонава. Покрај ова излегоа и коефициентите за аутсајдери.
Екипите од нашата група Зенит и Реал Сосиедад се во топ-10 фаворити за освојување на најмасовното натпреварување. На врвот се гигантите Милан и Арсенал со коефициенти 10, потоа следи премиерлигашот Евертон 17, па Атлетик Билбао 19, Олимпик Лион 21, Вилјареал 21, Лацио 21, Олимпик Марсеј 26, Реал Сосиедад 26 и Зенит 26. Нашиот Вардар за освојување на Лига Европа доби коефициент 151, колку што имаат и екипите на Стеауа Букурешт, Црвена Звезда, Ријека, , БАТЕ Борисов, Викторија Плзен, Остерсундс, Макаби Тел Авив, Зулте Вареген, Аполон, Розенборг и Астана.