Saturday ,23 November 2024
Последни:
Home > ФК Вардар > Петлиња > Вардар и Работнички во финалето на “Гази Баба куп 2017„ кај генерација “2005“, додека генерација “2006“ на ФК Вардар ќе игра за третото место против Марибор
Вардар и Работнички во финалето на “Гази Баба куп 2017„ кај генерација “2005“, додека генерација “2006“ на ФК Вардар ќе игра за третото место против Марибор

Вардар и Работнички во финалето на “Гази Баба куп 2017„ кај генерација “2005“, додека генерација “2006“ на ФК Вардар ќе игра за третото место против Марибор

Вардаровата генерација родени “2005“ година обезбедија финале на турнирот “Гази Баба куп“ кој изминативе три дена се игра на терените на ФФМ и академијата на ФК Вардар.

Нашите надежи родени “2005“ обезбедија финале со екипата на Вардар (1), која во полуфиналето убедливо го совлада ГФК Неготино со резултат од 4:0. Хет-трик на овој натпревар постигна Никола Величковски, додека еден беше дело на Матеј Гаштаров. Вардар (2) во полуфиналето пак беше поразен од екипата на Работнички (0:2). Така во големото финале кое се игра на терените на ФФМ од 16:30 часот кај генерација “2005“ ќе играат екипите на Вардар и Работнички.

Генерацијата “2006“ ќе игра за третото место, откако во финалето беше поразена од екипата на Хајдук. Победникот беше решен дури по изведување на пенали, откако во регуларниот дел мечот заврши со нерешен резултат од 1:1. Стрелец на единствениот гол за Вардар беше Марко Николовски. Во малото финале, Вардар пд 18 часот се среќава со екипата на Марибор.

Како што известивме претходно финале ќе игра и генерација “2007“ на ФК Вардар.