Од денес стартуваше продажбата на блок билети за трите натпревари на домашен терен, во рамките на групната фаза од лигата на Европа, проти екипите на Зенит, Реал Сосиедад и Розенборг. Од денес (01.09) па се до 10.09 ќе трае продажбата на блок билети за споменатите три натпревари, додека од 11.09-14.09 ќе се продаваат поединечни карти само за мечот против Зенит од Русија, меч кој се игра на 14-септември на арената “Филип Втори“. Прво ќе се продаваат електронски ваучери, кои подоцна ќе треба да се заменат со пластифицирани сезонски картички. За начинот на замената на ваучерите со картички, ќе бидете дополнително информирани.
ЦЕНИ НА БИЛЕТИ:
За блокови 1, 6, 7, 8, 9, 10, 19, 25, 26, 27, 28, 29 и 30, блок билет за сите три натпревари ќе изнесува 1.400 МКД, додека цената на единечен билет ќе биде 600 МКД.
За блокови 2, 5, 14, 18, 20 и 24, цената за билетите за сите три натпревари ќе изнесува 2.200 МКД, додека единечен билет ќе се продава по цена од 900 МКД.
За блоковите 3, 4 и 15, 16, 17, 21, 22 и 23, блок билет за трите мечеви ќе изнесува 3.000 МКД, додека цената на единечен билет ќе биде 1.200 МКД.
Билетите може да ги набавите на следните продажни места:
СКОПЈЕ: Југотон, Атлантик Турс, Тобако 2 Скопјанка, Тобако Корнер Југодрво, Тобако Водњанска, Тобако СП Планет, Food bar Trend City Mall, Lounge Restaurant Trend, Telekom Trend, Киоск М1 ТЦ Бисер, Киоск М1 Кисела Вода, Киоск М1 Холидеј Ин, Киоск М1 Скопјанка, М1 Медиа Бисер, Киоск М1 Центар, Киоск М1 железничка станица, Тобако Капиштец, Тобако Гоги Драчево; Метро Аеродром Александар Велики
Билетарница С.Ц. „Јане Сандански“: секој работен ден од 10 до 18 часот.
КАВАДАРЦИ: T.A. Атлантик Турс; Метро,
СТРУМИЦА: Скала Травел;
ГЕВГЕЛИЈА: Т.А. Путник;
ГОСТИВАР: Метро 1, Метро 4
ТЕТОВО: Метро
ПРИЛЕП: Т.А. Бран;
ОХРИД: Голден Тобако, New Tobacco;
КОЧАНИ: Радио Кочани;
КУМАНОВО: Т.А. Мерион Травел;
ВЕЛЕС: Унисон.