Роберто Гарсија Парондо е нов помошник на Ирина Дибирова, на клупата на ЖРК Вардар. Тој е поранешен репрезентативец на Шпанија и играч на Суидад Реал и Пик Сегед, а работи и како помошен тренер во Македонската ракометна репрезентација, заедно со тренерот на Вардар, Раул Гонзалес.
Парондо ќе биде засилување за клупата на Вардар, заедно со Дибирова и Аце Станковски. Сите тројца заедно ќе се обидат да му помогнат на тимот да стигне до толку посакуваната Европска титула. Своите први мечеви на клупата на Вардар, Шпанецот ќе ги има на мечевите од регионалната лига.