Вардаровата генерација “2005“ успеа да го освои силниот меѓународен турнир “Гази Баба куп 2017“ со победата во финалето против екипата на Работнички, односно Вардар (1) го освои првото место, додека братскиот Вардар (2) се закити со бронзениот медал со триумфот во малото финале против ГФК Неготино (2:1). По одигрување на завршните натпревари се доделуваа медали и трофеи за најдобрите екипи, како и поединечни награди за најдобрите поединци. За најдобар играч во оваа генерација беше прогласен играчот на Вардар, Матеј Гаштаров кој имаше одлично издание на овој силен турнир.
-Овој турнир за мене беше еден од најдобрите досега одржани во Македонија каде настапуваа екипи како Хајдук, Црвена Ѕвезда, Марибор, Ујпешт итн. што ретко го има кај нас и претставува едно големо искуство да видиме до кај сме и надвор од нашата земја, бидејќи тука и немаме баш некој спаринг партнер во нашето првенство и лига. Организацијата на турнирот беше одлична и имаше прекрасни награди од организаторот меѓу кои јас ја добив за најдобар играч во генерација 2005-та и воедно постигнав 13 голови.
Во новата сезона тренер на оваа возрасна генеација ќе биде Ане Андовски, со кого повторно ќе атакуваат на освојување на детската лига и турнирите каде ќе настапуваат.
-Соработката со искусниот тренер е одлична и учиме многу од него. Се надевам дека следната година во сите генерации ке има уште појака конкуренција на “Гази баба купот“, а и ние исто така ке одиме на многу појаки турнири и ке освојувам уште многу награди.
Звонко Ивановски