Wednesday ,01 May 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Прв Тим > Во продажба билетите за утрешниот натпревар против Горење, по цена од само 50 денари
Во продажба билетите за утрешниот натпревар против Горење, по цена од само 50 денари

Во продажба билетите за утрешниот натпревар против Горење, по цена од само 50 денари

Во вторник Вардар го игра првиот натпревар на домашен терен во рамките на СЕХА-лигата, каде за противник го има тимот на Горење од Словенија. Со триумф започна новата сезона во ова натпреварување за црвено-црните, кои во саботата во С.Ц. Борис Трајковски го победија градскиот ривал, тимот на Металург и тоа многу убедливо (23:32) и на тој начин ја започнаа одбраната на титулата во СЕХА-лигата.

За утрешниот натпревар против вицешампионот на Словенија пуштени се во продажба билетите по цена од само 50 денари, кои можат да се набават пред билетарницата на С.Ц. Јане Сандански, или он лајн на www.ticketplus.mk.  

На натпреварот можат да присуствуваат сите кои имаат сезонски билети или Вардар ПАС картичка, секако со приложување на истите пред влезовите во салата. Утрешниот меч започнува од 17:30 часот во С.Ц. Јане Сандански. Дојдете да ги поздравиме шампионите и да им посакаме среќа во пресрет на новата сезона.