Продолжуваат комплиментите за Европскиот шампион и во пресрет на новата сезона во лигата на шампионите. Пред нејзиниот почеток ЕХФ направи избор на екипите кои ја имаат најдобрата одбрана во најголемото ракометно натпреварување. Врвот и во овој сегмент му припаѓа на Вардар, кој беше еден од најзначајните фактори за освојување на Европската титула. Стручните лица во ЕХФ дадоа објаснување зошто црвено-црните ја поседуваат најдобрата одбрана во ЛШ:
-Бранителот на титулата е школски пример за одлична одбрана. Дефанзивата на Вардар ја сочинуваат три елемнти: тактички, физички и менатлен. И не е долична само поради Илија Абутовиќ, Мијајло Арсениќ и Вуко Борозан и слични. Тимот кој го предводи Раул Гонзалез прими најмалку голови во сезоната 2016/17, и создаде најмногу шанси токму благодарение на одбраната и транзицијата, како никој друг тим. Во претстојната сезона, се очекува уште повеќе, бидејќи доаѓањето на Даини Кристопанс го нагласува тактичкиот пристап кој го доведе македонскиот тим до трофејот.
Листата на првите десет екипи кои имаат најдобра одбрана во лигата на шампионите:
1. ВАРДАР
2. ПСЖ
3. Веспрем
4. Барселона
5. Пик Сегед
6. Фленсбург
7. Кил
8. ППД Загреб
9. Рајн-Некар
10. Киелце