Српскиот интернационалец и нов член на Вардар, Вања Марковиќ ќе го носи дресот со број осум. Како што е добро познато овој број досега во Вардар го носеше Спировски кој си замина од клубот.
Значи, покрај истата позиција, Марковиќ и истиот број ќе го носи во Вардар. Се надеваме дека Вања ќе биде големо засилување за Вардар во групната фаза од Лигата на Европа.
Марковиќ дебито во црвено – црниот дрес треба да го има во сабота против Силекс.