Thursday ,25 April 2024
Последни:
Home > РК Вардар > Втор тим > Стојан Петрушевски: Вардар секогаш има големи амбиции, без разлика на младоста на составот
Стојан Петрушевски: Вардар секогаш има големи амбиции, без разлика на младоста на составот

Стојан Петрушевски: Вардар секогаш има големи амбиции, без разлика на младоста на составот

Најмладиот состав кој оваа сезона ќе се натпреварува во супер лигата, екипата на РК Вардар Јуниор продолжува да се подготвува за новата сезона, која треба да стартува за десеттина дена, со натпреварот против екипата на Охрид. Ибраниците на Стојан Петрушевски беа на десет дневни подготовки во Маврово, со цел подобро да се подготват за предизвиците кои ги очекува во новата сезона. Со оглед дека екипата ја сочинуваат играчи од 15-21 година главна цел за овој состав ќе биде опстанок во најсилната супер лига, но примарна цел на оваа екипа е да се создаваат млади потенцијални играчи, кои во иднина би настапувале за првиот тим на РК Вардар. Главната задача за остварување на целта ја има искусниот стратег и прв тренер на тимот, Стојан Петрушевски кој за нашиот сајт даде кратка изјава за одработените подготовки во Маврово и за очекувањата од новата сезона во супер лигата.

-Значењето на подготовките во Маврово за овој млад состав беше големо. Се работеше два пати дневно, наутро за подобрување на физичката подготовка и попладне каде се работеше техничко тактичка подготовка на екипата. Составот е многу млад и супер лигата ќе претставува голем предизвик. Вардар секогаш има големи амбиции, без разлика на младоста на составот. Ќе се обидеме покрај основната задача на создавање млади играчи кои ќе преминат во првата екипа, да направиме и што подобар пласман во супер лигата на крајот од сезоната. 

Звонко Ивановски